НОВОСТИ
21/06/2021
Во Македонија има 40 лица кои издржуваат казна доживотен затвор. Тие се сместени во посебно крило во затворот „Идризово“. Високите и немерливите во време казни им се изречени главно за два вида злосторства. Првото: убиства. Поголем дел од нив се осудени за едно ужасно, свирепо убиство, убиство на полицаец, […]
17/06/2021
Судовите во земјава не водат евиденција за тоа колку, на годишно ниво, од случаите во кривични постапки им се враќаат на повторно судење од повисоките судови кога станува збор за повреда на постапката и начелото за еднаквост на оружјата и правото на правично судење. Во текот на постапувањето судот […]
08/06/2021
Квалитетен судија не го прават модерните прозорци во судниците, глетуваните ѕидови и напредната технологија, туку неговата стручност и интегритет. Ова е одговорот на сите судии во земјава кога ќе ги прашате која е разликата да се биде судија во суд од мал град, споредено со оние во поголемите градови. […]
03/06/2021
Судии сè уште влијаат на судската постапка во смисла на прекршување на принципот на фер и непристрасно судење како што е гарантирано и со Уставот и законите, но и со членот 6 од Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП). Ова го покажуваат податоците до кои дојдовме и при ова истражување, иако […]
31/05/2021
Според последната јавно објавена систематизација и пополнетост на местата на Јавното обвинителство, во Северна Македонија треба да има 258 јавни обвинители во основните, вишите и Републичкото јавно обвинителство. Ама имаат 209 или 81 % од потребниот кадар. Само осум од вкупно 28 обвинителства имаат онолку обвинители колку што предвидува […]
31/05/2021
Откако почнаа да се изрекуваат пресуди за поранешни функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а некои завршија и во затвор, Стразбур се претвори во прозорецот на спас за обвинетите и осудените. Но кон Европскиот суд за човекови права не гледаат само оние кои ги гонеше поранешното Специјално јавно обвинителство, туку и државата. […]
25/05/2021
Ноќта, на 23 февруари 2013, млад скопјанец ја користи темницата за насилно да упадне, а потоа и да ограби куќа. Успева да избега оттаму без да биде фатен, но и откако ќе биде откриен, ќе ѝ избега на казната како сплет од, за него, среќни околности. Обвинителството му поднесува […]
05/03/2021
Ние, долупотпишаните граѓански здруженија, бараме темелна и брза истрага за институционалните пропусти околу недостапноста на органите за прогон на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков. И покрај епилогот на овој случај, кој значеше обезбедено присуство пред судските органи на обвинетиот и сега веќе притворениот Мијалков, […]
10/12/2020
По повод Меѓународниот ден на човековите права – 10 декември, Коалицијата „Сите за правично судење“ денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје постави штанд за делење на материјали со едукативни содржини кои нудат запознавање на граѓаните за нивните права во судските постапки, но и како да се заштитат пред […]
25/11/2020
Институтот пресумпција на невиност е еден од правните темели согласно кој секој осомничен или обвинет за кривично дело, се смета дека е невин сé додека со правосилна судска одлука не се докаже дека е виновен. Еден од основните принципи на кој се заснова Уставот на Република Северна Македонија е […]