Често поставувани прашања

Доколку имате прашања а нема одговор во веќе најчесто поставувани прашања, ве молиме искористете ја контакт формата како би поставиле прашање на кое нашиот тим ќе ви одговори

Најчесто поставувани прашања

На кој начин можам да побарам мониторинг на судска постапка?
Мониторинг на судска постапка може да побарате на следниов начин: Со пополнување на формулар на преку веб профилот на КСПС Со испраќање на емајл на contact@all4fairtrials.org.mk со назнака ,,Барање за мониторинг’’ Преку телефонските броеви на КСПС 02/613-9874 и 071/218-651
Дали доколку побарам мониторинг на судење е потребно да ѝ платам на организацијата?
Не, мониторингот за судски предмети е бесплатен.
Дали набљудувачот е учесник во судската постапката?
Набљудувачот не е учесник во судската постапката, туку јавност на самото судење.
Доколку побарам мониторинг, дали набљудувачот ја застапува мојата страна?
Не, набљудувачот не ги застапува странките во судската постапка.
 Дали може да добијам извештај од набљудувачот по завршување на рочиштето?
Извештаите кои набљудувачите ги доставуваат до КСПС, не се доставуваат непосредно и до странките.
Дали набљудувачот ќе му укаже на судот дека е повикан од моја страна?
Не, набљудувачот е јавност во постапката и нема обврска да му укажува на судот е дека присутен по барање на странка.
Дали КСПС може да ме застапува пред суд?
Коалицијата Сите за правично судење нема овластување за застапување пред суд.
Доколку побарам бесплатна правна помош дали ќе добијам и адвокат од ваша страна?
Коалицијата Сите за правично судење може да ви помогне во подготовка на барање за секундарна правна помош доколку не можете сами да обезбедите адвокат, но не и да Ви обезбеди адвокат, освен во исклучителни ситуации.
Дали Коалиција Сите за правично судење, може да се обрати со допис до судот, доколку сум незадоволен од пресудата?
Не, Коалиција Сите за правично судење не се обраќа до судот за конкретни предмети по барање на странка.
Дали Коалиција сите за правично судење може да ми подготви тужба, жалба и други поднесоци во врска со мојот активен предмет во суд?
Коалицијата Сите за правично судење не e овластена за подготвување на тужба, жалба и останати поднесоци до судот.