Коалицијата на здруженија на граѓани Сите за правично судење е формална мрежа во која на доброволна основа членуваат здруженија на граѓани од Република Северна Македонија заради следење на судските процеси пред надлежните судови, со цел осигурување на загарантираните права за правично судење како е предвидено со Уставот, законите и ратификуваните меѓународни договори, зголемување на јавната свест и зајакнување на довербата на граѓаните во институциите на системот, посочување на потребата и работа на можните реформи во судските постапки, зголемувањето на практичните знаења на студентите на право, зајакнување на улогата и капацитетот на граѓанските организации и друго. Коалицијата воедно се залага за еднаков пристап до правдата на сите граѓани преку давање на бесплатна правна помош.
НАШИ УСЛУГИ
Коалицијата Сите за правично судење во своето долгогодишно работење го нуди следниот спектар на услуги наменети за граѓани, граѓански организации и државни институции.
БПП
Пружање на бесплатна правна помош за граѓани на РСМ.
Мониторинг
Мониторинг на судски постапки пред домашните судови.
Истражувања
Анализи, документи за јавни политики и правни мислења.
ВО ШТО СМЕ ПОСЕБНИ И СЕ ИЗДВОЈУВАМЕ
Мониторирани рочишта
Реализирани проекти
Мониторирани судови
Објавени публикации
ПОСЛЕДНО ОБЈАВЕНИ ИНФОРМАЦИИ И НОВОСТИ
ДОНАТОРИ
КОДЕКС НА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ
Кодексот за граѓански организации има за цел да го зајакне системот на саморегулација и да придонесе до поголема професионалност и отчетност. Еден од најголемите предизвици со кои се соочуваме денес е градењето на доверба со граѓаните и пошироката јавност. Како граѓански организации кои делуваме на локално и национално ниво треба да обезбедиме поширока отчетност за својата работа и со тоа да го потврдиме својот јавен интерес во процесите на креирање на политиките кои се од интерес за граѓаните, а за кои добиваме ресурси. Овој Кодекс е доброволен, а секоја граѓанска организација која ќе му пристапи презема одговорност за почитување и практикување на заложбите, вредностите и стандардите утврдени во него.