
Јавен оглас за ангажман на проектен координатор
01/09/2025
Јавен оглас за привремен ангажман на судски набљудувачи
18/05/2026Коалиција „Сите за правично судење“ објавува оглас за ангажман на проектен координатор со полно работно време во извршната канцеларија во Скопје. Бараме мотивирано, одговорно и посветено лице кое ќе се приклучи на тимот во спроведување на активности поврзани со владеење на правото, судски реформи, човекови права и антикорупциски политики.
Позицијата е наменета за лице кое има способност за организација и координација на повеќе активности истовремено, самостојност во работењето, како и интерес за работа во динамична организациска средина со интензивна комуникација со институции, донатори, експерти и граѓански организации.
Ангажманот е со времетраење од 9 месеци, почнувајќи од 01.06.2026 година, со можност за продолжување.
Потребни квалификации:
• Завршено високо образование – Правен факултет со најмалку 180 ЕКТС;
• Најмалку 2 години работно искуство во граѓанскиот сектор;
• Искуство во координација и имплементација на проекти ќе се смета за предност;
• Одлични организациски, комуникациски и аналитички вештини;
• Одлично познавање на македонски и англиски јазик (усно и писмено);
• Напредно познавање на MS Office пакетот;
• Способност за самостојна и тимска работа;
• Способност за работа во динамична средина и почитување рокови.
Работни обврски:
• Планирање, координирање и спроведување на активности во рамки на проектите на организацијата;
• Следење на реализацијата на проектните активности согласно утврдените рокови и индикатори;
• Комуникација и координација со институции, донатори, партнери, експерти и други засегнати страни;
• Подготовка на проектни извештаи, административна и проектна документација;
• Организација на состаноци, јавни настани, обуки и други проектни активности;
• Поддршка при подготовка на анализи, проектни апликации и други програмски документи.
Што нудиме:
• Работа во искусен и препознатлив тим со долгогодишно искуство во областа на владеење на правото и судските реформи;
• Вклученост во значајни процеси поврзани со правосудството, човековите права и антикорупциските политики;
• Можност за професионален развој, стекнување практично искуство и директна соработка со домашни и меѓународни институции и организации;
• Динамична и колегијална работна средина;
• Можност за продолжување на ангажманот по истекот на договорот.
Финансиски надоместок:
За ангажманот е предвиден месечен бруто надоместок во износ од 98.000 денари.
Начин на аплицирање:
Заинтересираните кандидати треба да достават кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на e-mail: hr@caft.org.mk, со назнака: „Апликација за проектен координатор“.
Рокот за аплицирање е до 25.05.2026 година (понеделник) до 23:59 часот. Ненавремените и нецелосните апликации, како и апликациите кои нема да го следат наведениот формат, нема да бидат разгледувани.
По административната проверка, Коалицијата ќе изврши евалуација на пристигнатите апликации врз основ на релевантното искуство и квалификации на кандидатите. Кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју, по што ќе биде извршена финалната селекција.


