[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Event / Работилница за организациски развој

Работилница за организациски развој

Jun
16

На ден 16 Јуни 2016 година, во х. ТЦЦ Гранд Плаза, Скопје, беше одржана првата од циклусот работилници за организациски развој на граѓанските организации. На оваа работилница учество земаа претставници од дваесетте институционални грантисти од вториот повик на Цивика мобилитас, меѓу кои и претставник од Коалиција ‘’Сите за правично судење’’. Работилницата ја водеше Ана Василаче, меѓународен експерт на програмата, додека темите на работилницата беа запознавање со концептот на организацискиот развој на граѓанските организации и нивниот животен циклус и за таа цел учесниците во помали групи правеа анализа за тоа во која фаза од животниот циклус се наоѓа нивната организација и кои чекори ќе треба да ги преземат за да ги надминат предизвиците со кои се соочуваат, односно како да преминат во следната, понапредна фаза од нивниот развој. Ние, како и останатите учесници на обуката, имавме можност да ги споделуваме своите искуства од досегашното функционирање на организациите и да направиме една сеопфатна анализа која ќе ни помогне да формулираме заклучок за тоа во која фаза се наоѓа нашата организацијата, се со цел одржливост и понатамошен институционален развој на истата.

Top