[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Event / Јавен повик за ангажирање на 16 набљудувачи на граѓански постапки

Јавен повик за ангажирање на 16 набљудувачи на граѓански постапки

Jun
11

Коалицијата Сите за правично судење за потребите на спроведувањето на проектот Правен, финансиски и физички пристап до правда во основните судови во Република Македонија финансиски овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за ангажирање на 16 набљудувачи на граѓански постапки

За потребите на овој проект кој има основна цел за подобрување на пристапот до правда на сите граѓани, а особено на маргинализираните заедници и социјално ранливите категории на граѓани потребни се 16 набљудувачи за мониторинг во основните судови од следните градови: Скопје, Велес, Штип, Струмица, Битола, Прилеп, Тетово, Гостивар, Охрид и Струга. Мониторингот ќе биде во времетраење од 18 месеци.

Рокот за пријавување е до 02.07.2018 година на следната е-маил адреса: hr@all4fairtrials.org.mk

Кандидатите/ките за оваа позиција треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Висока стручна спрема најмалку 180 ЕКТС– од областа на правото
  • Добро познавање на Законот за парнична постапка
  • Основни познавања со компјутер (MS Office)
  • Да се придржува до принципите на објективност, непристрасност и доверливост
  • Да присуствува на предвидените обуки за набљудувачи за мониторинг на судски постапки

Положен правосуден испит и магистратура од областа на граѓанското право ќе се смета за предност, но не и услов.

За мониторирањето на судските предмети на набљудувачите ќе им се исплаќа соодветен паричен надомест.

Селекцијата на кандидати ќе биде извршена по принципот на спроведени интервјуа и проверка на знаењето.

Top