Јавен повик за набавка на услуги – правен експерт за судски постапки
05/02/2024Јавен повик за учество на обука за примена на Законот за кривичната постапка и стандардите за фер и правично судење
20/03/2024Коалиција на здруженија на граѓани „Сите за правично судење“ објавува јавен повик за набавка на услуги – правен експерт за консултантски услуги за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија и Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, а во рамки на Годишната програма за работа на Коалицијата „Сите за правично судење“ за 2024 година. Ангажманот ќе опфаќа обезбедување на консултантски услуги (усни и писмени) за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија и Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија за подготовка на финална анализа од следењето на седниците на Советите во 2024 одина. Податоците од консултантските услуги ќе бидат во сопственост на нарачателот, односно Коалицијата и истите ќе може да ги користи само Коалицијата. Активностите се имплементираат од страна на Коалиција на здруженија на граѓани „Сите за правично судење“, а истите се финансирани од Делегацијата на Европската Унија.
Проектите финансирани од ЕУ се ослободени од сите давачки, даноци и такси, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност (ДДВ). Оттаму, единечните цени кои вклучуваат ДДВ нема да бидат прифатени. Набавувачот е должен на добавувачот да му ги достави Потврдата за регистрација на проект, како и Решението за регистрација на даночен обврзник. Добавувачот е должен на набавувачот да му достави фактура генерирана во системот на УЈП.
Вредност и времетраење на набавката:
Максималниот буџет кој е на располагање согласно предметот на набавката 1000 евра бруто износ, според курсот даден од донаторот на проектот. Ангажманот ќе започне во март 2024, а истиот ќе трае до декември 2024 година, односно 10 експертски денови.
Услови и начин на плаќање:
Плаќањето ќе биде извршено по реализација на ангажманот.
Деливост на набавката:
Набавката е неделива.
Критериуми:
Изборот на најповолен добавувач ќе се прави според принципот „најдобар квалитет за понудена цена“.
Во прилог на понудата треба да се достави и следната документација:
• Прилог 1: Формулар за понуда;
• Прилог 2: Кратка биографија на лицето кое ја врши понудата
Понудата се доставува по електронски пат на следната е-пошта: hr@all4fairtrials.org.mk, а краен рок на доставување на понудите е 20.02.2024 година (вторник) до 17:00 часот.
Напомена:
Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според условите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој добавувач може да учествува само со една понуда.