Јавен оглас за привремен ангажман на судски набљудувачи
17/06/2024Коалиција на здруженија на граѓани „Сите за правично судење“ објавува јавен повик за ангажман на правни експерти од граѓанско и кривична област во рамки на проектот „Независност преку отчетност-следење и проверка на судската одговорност во Северна Македонија“ кој е финансиран од страна на Британската амбасада во Скопје.
Целите на проектот се да се делува на зголемување на транспарентноста и отчетноста на работата на Судскиот совет и да се намали просторот за политичко и друго несоодветно влијание врз судството. Исто така, проектот ќе овозможи детектирање на слабостите во примената и толкувањето на домашните прописи, како и неусогласеноста со меѓународните стандарди. Дополнително преку проектот ќе се овозможи да се развие методологија за следење и преглед на дисциплинските постапки што ги спроведува Судскиот совет врз основа на меѓународни стандарди, вклучително и индикатори за мерење на родовата сензитивност и пристрасност во дисциплинските постапки.
Ангажманот ќе ги опфаќа следните задачи:
- Поддршка за одредени правни прашања од граѓанска и кривична област на главниот експерт на проектот во спроведување на истражувањето од соодветната област;
- Анализа на податоци за конкретни правни прашања кои произлегуваат од податоците за дисциплинските постапки за одговорност на судии;
- Учество во подготовка на финална анализа од добиените податоци со заклучоци и препораки
Времетраење на проектот:
Ангажманот ќе започне од септември 2024 година, а истиот ќе трае заклучно со март 2025 година.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Минимум 10 (десет) години релевантно искуство
- Одлични вештини за анализа на податоци и пишување на документ со заклучоци и препораки
- Одлично познавање на меѓународни стандарди за водење на дисциплински постапки на судии
- Одлично познавање на праксата на Европскиот суд за човекови права
- Одлично познавање на македонското и меѓународното законодавство
Начин на пријавување:
Кандидатите кои сакаат да се пријават на проектот потребно е да испратат биографија како и финансиска понуда. Понудата се доставува по електронски пат на следната е-пошта: hr@caft.org.mk. Формуларот за понуда може да го превземете на следниот линк.
Краен рок на доставување на понудите е 23.08.2024 година (петок) до 17:00 часот.
Сите пристигнати понуди ќе бидат разгледани и оценети од страна на комисија. Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според условите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој кандидат може да учествува само со една понуда.
За дополнителни информации во врска со повикот, можете да се обратите на следната адреса: contact@caft.org.mk