[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Event / Јавен оглас за привремен ангажман на набљудувачи на кривични судски постапки од областа на организиран криминал и корупција

Јавен оглас за привремен ангажман на набљудувачи на кривични судски постапки од областа на организиран криминал и корупција

Feb
2

Коалицијата „Сите за правично судење“ во соработка и со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје го објавува следниот:

Јавен оглас
за привремен ангажман на набљудувачи на високопрофилирани судски постапки од интерес за јавноста со посебен фокус на кривични судски постапки од областа на организиран криминал и корупција во Основниот кривичен суд во Скопје

 

Кандидатите/ките за оваа позиција треба да ги исполнуваат следните услови:
• Завршено високо образование – најмалку 240 ЕКТС (дипломирани правници по стара програма, или специјалисти по правни науки по нова програма)
• Познавање и работење во Microsoft Word
• Солидни познавања на Законот за кривичната постапка, Кривичниот законик, како и познавања на Европската конвенција за човекови права
• Да се придржува до принципите на објективност, непристрасност и доверливост
• Да присуствува на предвидените обуки за набљудувачи за мониторинг на судски постапки

Времетраење на ангажманот ќе биде од март до октомври 2021 година.

Рок и потребни документи за аплицирање:
Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку испраќање на CV во word или pdf формат на македонски јазик.
Рокот за пријавување е до 15.02.2021 година на следната е-маил адреса: hr@all4fairtrials.org.mk со назнака „За набљудувач на кривични судски постапки поврзани со организиран криминал и корупција“

Апликациите кои нема да го запазат овој формат и дадениот рок, ќе бидат дисквалификувани.

За предност (но не и услов) ќе се смета практично и теоретско искуство од областа на кривичното право, вклученост во академски активности и/ или истражувања, работа со невладини организации, како и поседување на положен правосуден испит или магистратура по кривично право.
Коалицијата го задржува правото да ги повика најуспешните кандидати на тестирање и/или интервју пред да биде направена финалната селекција. Селектираниот кандидат, пред почетокот на набљудувањето, ќе присуствува на еднодневна обука за Законот за кривичната постапка, како и за целите и методологијата на истражувањето.

Top