[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Event / Јавен оглас за привремен ангажман на набљудувачи на кривични судски постапки

Јавен оглас за привремен ангажман на набљудувачи на кривични судски постапки

Feb
2

Коалицијата „Сите за правично судење“ во соработка и со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје го објавува следниот:

Јавен оглас

за привремен ангажман на набљудувачи на кривични судски постапки во следните градови:

  1. Скопје
  2. Штип
  3. Струмица
  4. Гостивар
  5. Тетово
  6. Битола
  7. Прилеп
  8. Охрид
  9. Струга
  10. Велес
  11. Куманово
  12. Неготино
  13. Кавадарци
  14. Кичево
  15. Кочани
  16. Гевгелија

Кандидатите/ките за оваа позиција треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Завршено високо образование – најмалку 240 ЕКТС (дипломирани правници по стара програма, или специјалисти по правни науки по нова програма)
  • Познавање и работење во Microsoft Word
  • Солидни познавања на Законот за кривичната постапка, Кривичниот законик, како и познавања на Европската конвенција за човекови права
  • Да се придржува до принципите на објективност, непристрасност и доверливост
  • Да присуствува на предвидените обуки за набљудувачи за мониторинг на судски постапки

Времетраење на ангажманот ќе биде од март до октомври 2021 година.

Рок и потребни документи за аплицирање:

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку испраќање на CV во word или pdf формат на македонски јазик. Рокот за пријавување е до 15.02.2021 година на следната е-маил адреса: hr@all4fairtrials.org.mk со назнака „За набљудувач на кривични судски постапки“

Апликациите кои нема да го запазат овој формат и дадениот рок, ќе бидат дисквалификувани.

За предност (но не и услов) ќе се смета практично и теоретско искуство од областа на кривичното право, вклученост во академски активности и/ или истражувања, работа со невладини организации, како и поседување на положен правосуден испит или магистратура по кривично право.

Коалицијата го задржува правото да ги повика најуспешните кандидати на тестирање и/или интервју пред да биде направена финалната селекција. Селектираниот кандидат, пред почетокот на набљудувањето, ќе присуствува на еднодневна обука за Законот за кривичната постапка, како и за целите и методологијата на истражувањето.

Top