[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Event / Оглас за проектен асистент

Оглас за проектен асистент

Sep
1

Коалиција Сите за правично судење објавува оглас за проектен асистент. Работниот однос ќе трае од 14.09.2020 до 31.05.2021 година со можност за продолжување 

Критериуми кои треба да ги исполнува кандидатот: 

  • Тековни или завршени постдипломски студии од областа на правото  
  • Најмалку 1 година работно искуство од областа на правото  
  • Познавање на Законот за кривична постапка  
  • Да се придржува до принципите на професионално работење, објективност и доверливост  
  • Познавање на Microsoft Word, Microsoft Excel и Microsoft Power Point  
  • Одлично познавање на говорен и пишан англиски јазик  
  • Работно искуство во граѓански сектор ќе се смета за предност  
  • Способност за работа во тим  

Работни задачи: 

  • Спроведување на проектни активности во координација со проектен координатор  
  • Подготовка, реализација и учество на обуки и состаноци кои произлегуваат од проектот  
  • Подготовка на содржини за зголемување на видливоста на активностите кои произлегуваат од проектот  
  • Комуникација со проектни партнери, соработници и државни институции  
  • Подготовка на извештаи за организираните активности и својата работа  
  • Други активности кои произлегуваат од реализацијата на проектот  
  • Теренска работа  
  • Тековно канцелариско работење  

Работно време ќе изнесува 40 часа неделно (понеделник-петок). 

Предвиден бруто надоместок за наведените позиции ќе изнесува 24.640,00 денари. 

 

Рок и потребни документи за аплицирање: 

Заинтересираните кандидати за работната позиција потребно е да достават кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на македонски јазик. 

Рокот за пријавување е до 09.09.2020 година на следната е-маил адреса: hr@all4fairtrials.org.mk со назнака: „За проектен асистент 

 

Постапка за избор на кандидат/ка: 

По разгледување на доставените апликации прифатените кандидати ќе бидат известени на 09.09.2020. Кандидатите ќе бидат повикани на кратко тестирање и интервју кое ќе се одржи на 10.09.2020 и 11.09.2020, по што на избраниот кандидат ќе му биде понудена работната позиција. 

Напомена: Биографиите кои нема да бидат испратени во предвидениот рок или пак нема да бидат во word или pdf документ нема да бидат земени предвид.

Top