[googlemaps https://www.google.com/maps/embed?pb=!1m18!1m12!1m3!1d1990.0549938529887!2d21.428565697555964!3d41.99323095396087!2m3!1f0!2f0!3f0!3m2!1i1024!2i768!4f13.1!3m3!1m2!1s0x0000000000000000%3A0xd367872aff144897!2sCoalition+%22All+For+Fair+Trials%22!5e1!3m2!1sen!2s!4v1458579753963&w=600&h=450]
Home / Event / Оглас за за ангажирање набљудувачи на кривични постапки

Оглас за за ангажирање набљудувачи на кривични постапки

Dec
26

Коалицијата Сите за правично судење во рамките на активностите на проектот „Правен, финансиски и физички пристап до правда во основните судови во Република Македонија“ финансиски овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество, објавува оглас за за ангажирање на 13 набљудувачи на кривични постапки поврзани со конфискација на имот

За потребите на оваа активност потребни се набљудувачи во Гостивар.

Кандидатите/ките за оваа позиција треба да ги исполнуваат следните услови:
• Завршено високо образование – најмалку 240 ЕКТС (дипломирани правници по стара програма, или специјалисти по правни науки по нова програма)
• Познавање и работење во Microsoft Word
• Солидни познавања на Законот за кривичната постапка, Кривичниот законик, како и познавања на Европската конвенција за човекови права
• Да се придржува до принципите на објективност, непристрасност и доверливост
• Да присуствува на предвидените обуки за набљудувачи за мониторинг на судски постапки
• За предност (но не и услов) ќе се смета поседување на магистратура по кривично право, како и положен правосуден испит.
Времетраење на ангажманот ќе биде 12 месеци.

Рок и потребни документи за аплицирање:
Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку испраќање на CV во word или pdf формат на македонски јазик.
Рокот за пријавување е до 19.02.2020 година на следната е-маил адреса: hr@all4fairtrials.org.mk со назнака „набљудувач за конфискација“

*За привремениот ангажман е предвиден паричен надоместок.
*Селекцијата на кандидати ќе биде извршена по принципот на спроведени интервјуа и краток тест во месец февруари.

Top
Skip to content