usaid
Правен, финансиски и физички пристап до правда во основните судови во Република Македонија
01/06/2018
foom
Набљудување на судски предмети од областа на организираниот криминал и корупција
01/10/2018
ПЕРИОД НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА
07.2018 - 07.20219
МЕСТО НА ДЕЛУВАЊЕ
Национално

Заедничка акција за следење на судските реформи и застапување на нивно спроведување “ЗА ПРАВДА”

Проектот „ЗА ПРАВДА” е финансиски поддржан од Фондацијата отворено општество – Македонија, a oвозможен од Хелсиншки Комитет за човекови права на Република Македонија во партнерство со Коалиција „Сите за правично судење”, Македонско здружение на млади правници (МЗМП), Институт за човекови права (ИЧП), Институт за европска политика (ЕПИ) и Центар за правни истражувања и анализи (ЦПИА), сите во Скопје.

Посебните и децидни цели го следат спроведувањето на Стратегијата во однос на почитувањето на временската рамка утврдена со акциониот план, транспарентноста на процесот, нивото на вклученост на засегнатите страни во граѓанскиот сектор; даваат оценка за квалитетот на предложените закони и политики кои се однесуваат на Судскиот Совет, Советот за јавни обвинители и Специјалното јавно обвинителство како и да влијае на процесот на реформи во правосудството преку изработка и доставување на препораки засновани на докази за предложените закони, политики и унапредување на јавната дебата која ја зајакнува транспарентноста.

Проектот се спроведува со главни и споредни активности како операциони цели, со кои кадарот ефективно работи, додека очекувањата на долгорочен план е што поголема и зголемена вклученост на граѓанските организации во процесот на спреведување на овие реформи во правосудството, со влијание кое ќе доведе до поголема одговорност на носителите на одлуки кои треба да бидат сервис на граѓаните, од аспект на заштитата, деполитизација и подобрување на професионалноста, транспарентноста и независноста на правосудните органи. Целта на долгорочниот план е да се дојде до враќање на довербата во правосудството и подобрување на животниот квалитет приближувајќи ја земјата кон членство во ЕУ.

Заедничка акција за следење на судските реформи и застапување на нивно спроведување “ЗА ПРАВДА”
This website uses cookies to improve your experience. By using this website you agree to our Data Protection Policy.
Read more