Корупција? Не во мојата општина!
01/06/2020Зајакнување на капацитетите на истражувачките новинари во областите од Поглавјето 23, а со фокус на правосудството
01/09/2020Влијанието на мерит системот врз судската независност и професионалност во Северна Македонија
Коалицијата „Сите за правично судење“ со финансиска поддршка од Амбасада на САД во Северна Македонија, го спроведе проектот „Влијанието на мерит системот врз судската независност и професионалност во Северна Македонија“. Општата цел на проектот е да се придонесе кон подобрување на функционалната независност и професионалност на судството со поддршка на практичното спроведување на системот на заслуги за назначување, унапредување, дисциплинска одговорност и разрешување на судии. Како главна активност на проектот беше следење на седниците на Судскиот совет на Република Северна Македонија од кои податоци беше изготвена финална анализа. Исто така, како активности беа спроведени истражувања за транспарентноста на процесот на назначување, унапредување, дисциплинска одговорност и разрешување на судии, евалуација на образложенијата и оправданоста на одлуките на Судскиот совет за избор, назначување во повисок суд, како и на одлуките за дисциплински санкции и слично.