Правна подготвеност за инспекции во граѓански организации
Основната цела на овој проект е да се спречат негативните ефекти од инспекциите и да се зајакне довербата меѓу самите граѓански организации за нивното правилно работење како основа за остварување на правото на здружување и изразување и да се зајакне граѓанското општество како институција. Коалицијата овој проект го спроведе партнерски со Институтот за човекови права и Македонското здружение на млади правници. Во рамките на проектот беа изработени три водичи за граѓанските организации во кои на јасен начин се претставени обврските на организациите во областа на даночното,трудовото право како и на правата и овластувањата на органите во предкривична постапка. Исто така, беше обезбедена правна поддршка и правни совети за граѓанските организации.