cm
Правна подготвеност за инспекции во граѓански организации
04/04/2017
eu
Канцеларија за правна поддршка на граѓански организации
01/01/2018
ПЕРИОД НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА
08.2017 - 01.2018
МЕСТО НА ДЕЛУВАЊЕ
Национално

Кампања “ФЕР Е КОГА Е ФЕР ЗА СИТЕ”

Целта на кампањата е информирање и промоција за основните права на сите учесници во една кривична постапка, со особен осврт на правото на фер и правично судење предвидено во Уставот на РМ, Европската конвенција за човекови права, како и останатото домашно процесно законодавство. Оваа кампања е финансирана од програмата Цивика мобилитас која го поддржува граѓанското општество во промовирање општествени промени во (стратешки) области, како што се добро владеење, децентрализација и развој на граѓанското општество. Исто така, се поддржува граѓанското општество и во упатувањето на три „трансверзални теми“: родовите прашања, меѓуетничките односи и миграциите.Сите региони и општини, сите сектори и теми се важни за Цивика мобилитас која ќе настојува да ги намалува регионалните и секторските разлики во развојот на граѓанското општество. Внимателно осмислениот институционален развој и организациско јакнење треба да придонесе и кон развојот на целото граѓанско општество како сектор и кон јакнење на самите граѓански организации.

Кампања “ФЕР Е КОГА Е ФЕР ЗА СИТЕ”
This website uses cookies to improve your experience. By using this website you agree to our Data Protection Policy.
Read more