
Зајакнување на улогата на судството во борбата со организираниот криминал
01/03/2009
Набљудување на институционалниот одговор врз изборните нерегуларности
01/07/2008Програма за набљудување на судските предмети во врска со корупцијата во Република Македонија
Проектот „Програма за набљудување на судските предмети во врска со корупцијата во Република Македонија“ веќе втора година се реализира низ судовите на Република Македонија. Целта на проектот е да ја подигне свеста кај стручната и поширока јавност за судскиот одговор во борбата против корупцијата. Самиот проект е заснован врз податоците добиени од набљудувањето на судските постапки за дела од областа на корупцијата, што овозможува да се дојде до сознанија за почитувањето на стандардите за фер и правично судење при постапувањето на судиите – кривичари по предметите од областа на корупцијата, а воедно и да се направи анализа како македонското судство се бори против корупцијата.