Основање на програма за набљудување на судските предмети во врска со корупцијата во Република Македонија
Проектот „Основање на програма за набљудување на судските предмети во врска со корупцијата во Република Македонија” е резултат на успешната имплементација на подготвителната, пилот фаза на истиот, спроведен од мај до декември 2007 година. Во 2008-та проектот предвидува основање на програма за набљудување на судските предмети во врска со корупцијата во РМ, дополнето со публикација на аналитички извештај, организација на тркалезна маса како и прес конференција. Преку основање на мониторинг програма за предметите во врска со корупцијата, Коалицијата „Сите за правично судење” ќе направи проценка колку постоечките закони се имплементираат и колку ефикасна е правната постапка во судството. Програмата ќе биде сведок на промените и подобрувањата во судството на РМ кое се обидува да ги задоволи европските стандарди. Преку аналитичкиот извештај како и препораките кои ќе произлезат од него, Коалицијата ке се обиде да се прикаже како конструктивен партнер на Владата на РМ, кој ќе придонесе во приближувањето на земјата до ЕУ.