
Зајакнување на независноста, транспарентноста и ефикасноста на судството, преку мониторирање на судски постапки
01/05/2016
Набљудување на судски предмети од областа на организираниот криминал и корупција според новиот Закон за кривичната постапка за 2017
01/01/2017Мониторинг на имплементацијата на меѓународни стандарди за правично судење во Основен суд Скопје I и Скопје II
Проектот се спроведува на локално ниво, преку мониторинг на имплементација на стандардите за правично судење во рамки на работата на Основен суд Скопје I и Скопје II Скопје.
Основната цел на проектот се однесува на зголемување на довербата на јавноста во правниот систем и судството, преку идентификување на проблемите во судскиот систем а истовремено и нагласување на потребата за правни и институционални реформи преку кои ќе се обезбеди поголемо почитување на стандардите за правично судење пред домашните судови како и запознавање на јавноста со стандардите за правично судење. Преку овој проект Коалицијата „Сите за правично судење” продолжува континуирано да ги следи судските процеси во земјата и на тој начин се запазува долгогодишната практика на мониторинг.