Јавен повик за учество на обука за примена на Законот за кривичната постапка и стандардите за фер и правично судење
20/03/2024Јавен повик за ангажман на правни експерти од граѓанска и кривична област
09/08/2024Коалицијата „Сите за правично судење“ со финансиска поддршка на Европската Унија во рамки на Годишната програма за работа на Коалицијата за 2024 година, објавува оглас за избор на набљудувачи за мониторинг на судски постапки пред основните судови во Скопје.
Пријавените кандидати за оваа позиција треба да ги исполнуваат следните услови:
▪ Завршено високо образование – Правен факултет со најмалку 180 ЕКТС
▪ Познавање и работење во Microsoft Word
▪ Познавања на Законот за кривичната постапка, Законот за парничната постапка како и
познавања на стандардите опфатени во Членот 6 од Европската конвенција за човекови
права (право на правична судска постапка)
▪ Одлична способност за писмено и усно изразување
▪ Флексибилност и способност за работа во динамична средина
▪ Да се придржува до принципите на објективност, непристрасност и доверливост
За предност (но не и услов) ќе се смета претходно искуство во спроведување на мониторинг на судски постапки, практично искуство од областа на кривичното и граѓанското право, поседување на положен правосуден испит или магистратура по соодветната област, како и искуство во академски и друг вид на истражувања од областа на правото.
Ангажманот на набљудувачите е предвидено да трае до декември 2024 година.
За ангажманот предвиден е финансиски надоместок.
Заинтересираните кандидати можат да аплицираат преку испраќање на CV во word или pdf формат на македонски јазик, на следната е-маил адреса: hr@caft.org.mk , најдоцна до 24.06.2024 година (понеделник), 17.00 часот.
Насловот на мејлот треба да содржи име и презиме на кандидатот и град каде кандидатот сака да го спроведува мониторингот.
Сите пријавени кандидати кои нема да го запазат рокот и форматот за аплицирање ќе бидат дисквалификувани.
По административната проверка, Коалицијата ќе изврши оцена на искуството на кандидатите, по што кандидатите со највисока оцена ќе бидат повикани на тестирање и интервју пред да биде направена финалната селекција.
Избраните кандидати пред почеток на набљудувањето задолжително е да присуствуваат на еднодневна обука за примена на процесните закони, како и за целите и методологијата на процесот на набљудување на судските постапки.