foom
Младите и полицијата – кои се нашите права
01/08/2013
eu
Мониторинг на судски случаи од областа на организиран криминал и корупција
01/10/2014
ПЕРИОД НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА
03.2014 - 12.2015
МЕСТО НА ДЕЛУВАЊЕ
Национално
ИЗДАНИЕ
-

Поддршка на кривично правната реформа за промоција на владеењето на правото и стандардите за правично судењe

Реализацијата на проектот „Поддршка на кривично правната реформа за промоција на владеењето на правото и стандардите за правично судењe“ се базира на набљудување на кривични предмети што се водат по Законот за кривична постапка врз основа на собраните податоци ќе произлезат заклучоци за имплементацијата на Законот за кривична постапка и за транспарентноста на судството. Два паралелни мониторинг пристапи ќе бидат спроведени од страна на стручната јавност и од страна на нестручната јавност кои ќе придонесат кон сеопфатен преглед на кривичната постапка и транспарентноста на судството.

Врз основа на резултатите од спроведениот судски мониторинг се добиени две проценки: стручна проценка за потребите за измена и дополнување на Законот за кривична постапка и детекција на проблемите кои претставуваат пречка за практична примена на кривичната постапка и пилот проценка за јавноста и транспарентноста на судењата од позиција на нестручната јавност. Главната цел на проектот е зајакнување на јавното набљудување над судскиот систем преку проширен судски мониторинг од страна на стручната и нестручната јавност.

Поддршка на кривично правната реформа за промоција на владеењето на правото и стандардите за правично судењe
This website uses cookies to improve your experience. By using this website you agree to our Data Protection Policy.
Read more