
Јавен оглас за привремен ангажман на судски набљудувачи
24/12/2024Коалиција „Сите за правично судење“ објавува оглас за ангажман на проектен координатор со полно работно време во извршната канцеларија во Скопје. Првичниот ангажман ќе биде пробен период во траење од 3 месеци од 01.10.2025 до 31.12.2025 година со можност за продолжување на истиот.
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование – Правен факултет со најмалку 180 ЕКТС;
- Најмалку 2 години работно искуство во граѓански сектор;
- Одлични организациски и комуникациски вештини;
- Одлично познавање на македонски и англиски јазик (писмено и усно);
- Работа со компјутер и MS Office;
- Способност за тимска работа.
Работни обврски?
- Планирање, координирање и спроведување на активности во рамки на проектите на организацијата;
- Комуникација и координација со институции, донатори и други засегнати страни;
- Подготовка на извештаи за донатор и проектна документација;
- Организација на состаноци, настани и обуки;
- Следење на динамиката и квалитетот на имплементација на проектните активности.
Финансиски надоместок изнесува бруто износ од 58.500 денари месечно.
Аплицирајте!
Заинтересираните кандидати треба да достават кратка биографија (CV) и мотивациско писмо на е-mail: hr@caft.org.mk со назнака „Апликација за проектен координатор“.
Рокот за аплицирање е до 21.09.2025 година (недела) до 23:59 часот. Сите пријавени кандидати кои нема да го запазат рокот и форматот за аплицирање ќе бидат дисквалификувани.
По административната проверка, Коалицијата ќе изврши оцена на искуството на кандидатите, по што кандидатите со највисока оцена ќе бидат повикани на интервју пред да биде направена финалната селекција
.