Јавен повик за набавка на услуги – правен експерт за Судски совет и Совет на јавните обвинители
05/02/2024Јавен оглас за привремен ангажман на судски набљудувачи
17/06/2024Коалицијата „Сите за правично судење“ во партнерство и со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, организира две дводневни обуки за магистрираните студенти по право и студентите по право кои се запишани во последна година на додипломски студии.
Обуките ќе бидат на македонски јазик и во траење од 2 дена, поточно:
▪ 11- 12 април во Штип за пријавените учесници од северниот и источниот дел на Македонија
(пристигнувањето во Штип за учесниците од другите градови е на 10 април во попладневните часови)
▪ 25- 26 април во Охрид за пријавените учесници од западниот и јужниот дел од Македонија
(пристигнувањето во Охрид за учесниците од другите градови е на 24 април во попладневните часови)
Целта на обуките е да се зајакнат познавањата на младите правници од областа на стандардите за фер и правично судење поставени со Европската конвенција за човекови права, капацитетите за практична примена на Законот за кривичната постапка, како и меките вештини кои треба да ги поседуваат правниците (подготовка на теорија на случај, ораторски способности за презентација на истата, подготвување на директно и вкрстено испитување и сл.).
По успешно завршување на обуката учесниците ќе добијат сертификат од официјални претставници на Мисијата на ОБСЕ за комплетирањето на истата.
Заинтересираните кандидати треба да се пријават преку испраќање на CV во word или pdf формат на hr@all4fairtrials.org.mk, најдоцна до 05 април 2024 година, 23:59 часот.
Бројот на учесници за обуките е ограничен на 30, а при изборот на истите ќе се земе предвид и географската, етничка и родова застапеност на кандидатите.
Превозот и сместувањето за кандидатите кои доаѓаат од други места ќе бидат организирани од страна на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.