caft
Правна помош и поддршка на Ромите во Република Северна Македонија
01/10/2022
ПЕРИОД НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА
06.2024 - 03.2025
МЕСТО НА ДЕЛУВАЊЕ
Локално
ИЗДАНИЕ
-

Независност преку отчетност - следење и проверка на судската одговорност во Северна Македонија

Целите на овој проект се во насока на зголемување на транспарентноста и отчетноста на работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија при спроведување на дисциплински постапки за утврдување на одговорност на судија или претседател на суд. Со тоа ќе се влијае да се намали просторот за политичко и друго несоодветно влијание врз судиите и судството. Во рамки на проектот ќе биде направена евалуација на 20 дисциплински постапки во кои е донесена одлука за разрешување на судија или претседател на суд. Преку систематизирање и анализа на податоците ќе се формираат заклучоци и препораки за подобрување на ефективноста, ефикасноста и правичноста на постапките за утврдување на одговорност на судија, а дополнително ќе се спроведат и консултации со релевантните чинители за подготовка на сеопфатна анализа. Овој проект ќе овозможи да се унапреди надзорната и контролната улога што Судскиот совет ја има во насока на обезбедување на независност и професионалност во работењето на судиите.

Независност преку отчетност – следење и проверка на судската одговорност во Северна Македонија
This website uses cookies to improve your experience. By using this website you agree to our Data Protection Policy.
Read more
mk_MKMK