Мониторинг на судски постапки во основните судови во Република Северна Македонија
01/08/2021Зајакнување на владеењето на правото и човековите права во Северна Македонија III
03/03/2023Зајакнување на владеењето на правото и човековите права во Северна Македонија II
Коалиција „Сите за правично судење“ во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје реализира проект кој се базира на пружање поддршка на Основниот кривичен суд Скопје во процесот на анонимизација и објавување на судските одлуки како и следење на имплементацијата на меѓународните стандарди за фер и правично судење со употреба на дигитални алатки во 5 основни судови кои се опремени од Мисијата на ОБСЕ во Скопје (Основен кривичен суд Скопје, Основен граѓански суд Скопје, Основен суд Штип, Основен суд Кавадарци и Основен суд Струмица).
Во рамки на проектот ангажирани се 3 правници како анонимизирачи на судски одлуки кои ќе треба да анонимизираат најмалку 1800 судски одлуки, како и 5 правници како професионални судски набљудувачи кои ќе треба да следат 250 рочишта за главна расправа од кривична и граѓанска област. Со овој проект се унапредува транспарентното работење на Основниот кривичен суд во Скопје како се и зајакнува начелото на јавност во судските постапки пред основните судови во Република Северна Македонија.