
Институционална поддршка за работата на Коалиција „Сите за правично судење“
01/06/2026Следење и анализа на случаите на семејно и родово засновано насилство во Северна Македонија
Коалиција „Сите за правично судење“ со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје го имплементира овој проект чија цел е да придонесе кон детектирање на слабостите на системот преку мониторинг и анализа на кривичните судски предмети од областа на семејното насилство. Во рамки на проектот ќе се направи мониторинг и анализа на околу 180 кривични предмети за семејно насилство. На подолг период се очекува овој проект да придонесе за поефикасен и поконзистен судски систем во судските предмети за семејното насилство во Република Северна Македонија како и кон поголема заштита на жртвите на овие кривични дела. Исто така, овој проект ќе обезбеди и база на податоци кои понатаму ќе може да се користат како основа за измени на Кривичниот Законик доколку се потребни во предвидените кривични дела поврзани со семејно насилство

