
Следење и анализа на случаите на семејно и родово засновано насилство во Северна Македонија
01/06/2026
Судска отчетност во практика: Следење на дисциплинските постапки и одлучувањето за кариерниот напредок во Северна Македонија
01/07/2026Институционална поддршка за работата на Коалиција „Сите за правично судење“
Проектот има за цел да обезбеди континуитет на клучните активности на Коалицијата „Сите за правично судење“ (КСПС) насочени кон следење, анализа и унапредување на состојбите во правосудниот систем во Северна Македонија. Преку зајакнување на оперативните капацитети на организацијата, проектот ќе овозможи продолжување на независното набљудување на судските постапки и седниците на Судскиот совет, како и систематско собирање и обработка на податоци за работата на правосудните институции. Дополнително, ќе се обезбедува правна помош и документирање на конкретни случаи, со цел идентификување на системските недостатоци и предизвици во функционирањето на правосудството. Собраните податоци ќе послужат како основа за подготовка и објавување мониторинг и аналитички извештаи, формулирање препораки за унапредување на правосудниот систем и информирање на јавноста преку медиумски активности и јавно застапување.

