Проценка на судските реформи и ефикасноста на судското постапување
01/01/2010Набљудување на судските предмети во кои новинарите се обвинети за кривичните дела клевета и навреда
01/10/2010Програма за набљудување на судски предмети во врска со корупцијата во Република Македонија
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја спроведе Програмата за набљудување на судски предмети во врска со корупцијата во Република Македонија. Главната цел на проектот е преку набљудување на судски предмети и анализа на добиените податоци да се придонесе кон подобра судска ефикасност и исполнување на меѓународните стандарди за фер и правично судење како и да се информира јавноста за казненопоправниот одговор на судството во делот на организираниот криминал и корупцијата. Како дел од проектните активности беше спроведена и дводневна работилница во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители, а беа направени и разговори/интервјуа со судии од кривичната област. На крајот на проектот објавена е анализа со податоците од мониторингот.