vlada na republika makedonija
Мониторинг на судски предмети од областа на трговијата со луѓе и илегалната миграција
01/02/2011
foom
Следење на предмети од областа на организиран криминал и корупција
01/09/2012
ПЕРИОД НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА
02.2011 - 02.2012
МЕСТО НА ДЕЛУВАЊЕ
Национално

Набљудување на судските предмети од областа на корупцијата во Република Македонија

Проектот за следење на судски предмети од областа на корупцијата се спроведува низ судовите на Република Македонија. Неговата реализација се базира на набљудување на повеќе од 150 коруптивни предмети низ основните судови, врз основа на што се извлекуваат заклучоци за ефикасноста на надлежните органи во борбата против корупцијата, но и за почитувањето на човековите слободи и права, гарантирани со Уставот и законот, пред судовите во кривичната постапка.

Главната цел на проектот е зајакнување на независноста, ефикасноста и непристрасноста на македонското судство во борбата против корупцијата и организираниот криминал и да се придонесе кон правилно спроведување на судските реформи како што е дефинирано во стратешките документи на земјата за интеграција во ЕУ. Во рамки на проектните активности беше спроведена судска мониторинг програма во која  беа следени од 100 до 150 случаи поврзани со кривични дела на корупција и организиран криминал. Исто така беа организирани работилници со соодветните институции кои работат во областа на корупцијата и организираниот криминал. На крајот на проектот беше објавен аналитички извештај за детектираните состојби.

Набљудување на судските предмети од областа на корупцијата во Република Македонија
This website uses cookies to improve your experience. By using this website you agree to our Data Protection Policy.
Read more
mk_MKMK