caft
Правна помош и поддршка на Ромите во Република Северна Македонија
01/10/2022
ПЕРИОД НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА
01.2022 - 12.2024
МЕСТО НА ДЕЛУВАЊЕ
Нациoнално

Годишна програма за работа на Коалиција „Сите за правично судење“

Коалиција „Сите за правично судење“ во 2022 година со поддршка од Европската Унија започна да ја импелементира Годишната програма за работа како дел од Стратешкиот план 2022-2026 година. Општата цел на Годишната програма е да се даде придонес во процесот на судски реформи во однос на критериумите за пристапување поставени во Поглавјата 23 и 24 во правото на ЕУ.

Во рамки на програмата, Коалицијата спроведува мониторинг на судски постапки што се водат пред основните судови во Р. Северна Македонија, мониторинг на седниците на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители на РСМ како и организира работни состаноци со релевантни чинители од областа на правосудниот систем. Како резултат на овие активности, Коалицијата изготвува и објавува анализи и извештаи за констатираните состојби. Како втора компонента на овој проект е овозможување на граѓаните поедноставно да се запознаат со работата на државните органи и институции преку организирање на различни дискусии по одредени прашања. Воедно, Коалицијата се залага и за надградба на капацитетите и вештините на младите правници.

Годишна програма за работа на Коалиција „Сите за правично судење“
This website uses cookies to improve your experience. By using this website you agree to our Data Protection Policy.
Read more
mk_MKMK