
Годишна програма за работа на Коалиција „Сите за правично судење“
01/01/2022Зајакнување на правните клиники во борбата против корупцијата
Целта на овој проект е да се зголеми ефикасноста на алтернативните механизми во борбата против корупцијата и да се подобри нивната практична примена, преку унпаредување на капацитетите на правните клиники за обезбедување бесплатна правна помош во случаи на корупција, и со зголемување на индиректното и директното учество на граѓаните во борбата против корупцијата. Во рамки на овој проект, ќе биде воспоставена интегрирана платформа која што ќе биде наменета за меѓусебна комуникација, координација и размена на искуства помеѓу студентите кои што се дел од осумте правни клиники во државата.
Студентите од овие правни клиники ќе имаат можност да учествуваат на специјализирани обуки кои што ќе бидат спроведени од страна на национални експерти од областа на антикорупција. Со цел промоција на работата на правните клиники, и услугите кои што ги нудат, студентите ќе организираат отворени денови за време на кои што ќе имаат средби со граѓани.