Поддршка на имплементацијата на Националната стратегија за реформа на правосудниот сектор 2017-2022
01/04/2019Судско досие
01/06/2019„Заробената држава’’ во Северна Македонија – судство, обвинителство, полиција
Коалиција „Сите за правично судење” го спроведува проектот „Заробената држава’’ во Северна Македонија – судство, обвинителство, полиција финансиски поддржан од Фондација Отворено општество-Македонија. Носител на проектот е Балканска истражувачка репортерска мрежа (БИРН) од Скопје, а Коалиција „Сите за правично судење“ (КСПС), Институт за човекови права (ИЧП) и Хелсиншки комитет за човекови права (МХК) се јавуваат како партнери во проектот. Целта на проектот е да ги идентификува, преку различни студии на случај и следење на спроведување на законодавството, начините низ кои се остварува политичката контрола врз институциите (судството, обвинителството, полицијата) или начините на кои се злоупотребуваат системските слабости на владеењето на правото. Како главни активности се: деск-истражувања за причините и новите форми на политичко мешање во судството, полицијата и јавното обвинителство, мониторинг и анализа на судски случаи, новинарски истражувања и подготовка на истражувачки стории.