Јавен оглас за привремен ангажман на судски набљудувачи
11/12/2023Јавен повик за набавка на услуги – правен експерт за Судски совет и Совет на јавните обвинители
05/02/2024Коалиција на здруженија на граѓани „Сите за правично судење“ објавува јавен повик за набавка на услуги – правен експерт за консултантски услуги за кривични и граѓански судски постапки, а во рамки на Годишната програма за работа на Коалицијата „Сите за правично судење“ за 2024 година. Ангажманот ќе опфаќа обезбедување на консултантски услуги (усни и писмени) за имплементацијата на Законот за кривичната постапка и Законот за парничната постапка за подготовка на финална анализа од спроведениот судски мониторинг во 2024 година. Податоците од консултантските услуги ќе бидат во сопственост на нарачателот, односно Коалицијата и истите ќе може да ги користи само Коалицијата. Активностите се имплементираат од страна на Коалиција на здруженија на граѓани „Сите за правично судење“, а истите се финансирани од Делегацијата на Европската Унија.
Проектите финансирани од ЕУ се ослободени од сите давачки, даноци и такси, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност (ДДВ). Оттаму, единечните цени кои вклучуваат ДДВ нема да бидат прифатени. Набавувачот е должен на добавувачот да му ги достави Потврдата за регистрација на проект, како и Решението за регистрација на даночен обврзник. Добавувачот е должен на набавувачот да му достави фактура генерирана во системот на УЈП.
Вредност и времетраење на набавката:
Максималниот буџет кој е на располагање согласно предметот на набавката е 1000 евра бруто износ, според курсот даден од донаторот на проектот. Ангажманот ќе започне во март 2024, а истиот ќе трае до декември 2024 година, односно 10 експертски денови.
Услови и начин на плаќање:
Плаќањето ќе биде извршено по реализација на ангажманот.
Деливост на набавката:
Набавката е неделива.
Критериуми:
Изборот на најповолен добавувач ќе се прави според принципот „најдобар квалитет за понудена цена“.
Во прилог на понудата треба да се достави и следната документација:
• Прилог 1: Формулар за понуда;
• Прилог 2: Кратка биографија на лицето кое ја врши понудата
Понудата се доставува по електронски пат на следната е-пошта: hr@all4fairtrials.org.mk, а краен рок на доставување на понудите е 20.02.2024 година (вторник) до 17:00 часот.
Напомена:
Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според условите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој добавувач може да учествува само со една понуда.