![](https://all4fairtrials.org.mk/wp-content/uploads/2023/12/OGLAS-150x150.jpg)
Јавен оглас за привремен ангажман на судски набљудувачи
17/06/2024Коалиција на здруженија на граѓани „Сите за правично судење“ објавува јавен повик за ангажман на правен експерт во рамки на проектот „Независност преку отчетност-мониторинг и евалуација на отчетноста на судството во Северна Македонија“ кој е финансиран од страна на Британската амбасада во Скопје.
Целите на проектот се да се делува на зголемување на транспарентноста и отчетноста на работата на Судскиот совет и да се намали просторот за политичко и друго несоодветно влијание врз судството. Исто така, проектот ќе овозможи детектирање на слабостите во примената и толкувањето на домашните прописи, како и неусогласеноста со меѓународните стандарди. Дополнително преку проектот ќе се овозможи да се развие методологија за следење и преглед на дисциплинските постапки што ги спроведува Судскиот совет врз основа на меѓународни стандарди, вклучително и индикатори за мерење на родовата сензитивност и пристрасност во дисциплинските постапки.
Ангажманот ќе ги опфаќа следните задачи:
- Подготовка на метологија за евалуација на дисциплински постапки кои се водат во Судскиот совет на Република Северна Македонија со цел зголемување на ефикасноста и ефективноста на Судскиот совет во понатамошното постапување во дисциплинските постапки
- Прибирање, обработка и анализа на податоците кои ќе бидат прибрани од веб страната на Судскиот совет, како и податоци добиени со барања за слободен пристап до информации од јавен карактер
- Подготовка на содржина од прелиминарните податоци за подготовка на инфографици
- Спроведување на интервјуа со судии и останати чинители од правосудството за потребите на истражувањето
- Подготовка на финална анализа од добиените податоци со заклучоци и препораки
Правниот експерт ќе биде вклучен целосно во имплементацијата на проектот, воедно истиот ќе треба да биде активно вклучен преку учество во работни состаноци, тркалезна маса и завршна конференција. Со оглед на тоа што вакво истражување до сега не е спроведено, методологијата која што ќе биде подготвена ќе биде потребно истата да овозможи континуирана нејзина примена за понатамошното работење на Судскиот совет на РСМ.
Вредност и времетраење на проектот:
За овој ангажман предвиден е бруто надомест во износ од 23.825 фунти во денарска противвредност зависно од курсот определен од донаторот за овој проект. Проектите кои се финансирани од Британската амбасада се ослободени од данокот на додадена вредност (ДДВ). Ангажманот ќе започне од јули 2024 година, а истиот ќе трае заклучно со март 2025 година.
Услови и начин на плаќање:
Плаќањето ќе биде извршено по реализација на активностите поединечно согласно утврдената динамика за работа.
Потребни квалификации за избор:
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- Минимум 10 (десет) години релевантно искуство
- Искуство во подготовка на методологии и евалуации од областа на правосудството
- Одлични вештини за анализа на податоци и пишување на документ со заклучоци и препораки
- Одлично познавање на меѓународни стандарди за водење на дисциплински постапки на судии
- Одлично познавање на праксата на Европскиот суд за човекови права
- Одлично познавање на македонското и меѓународното законодавство
Кандидатите треба да испратат биографија и предлог концепт за спроведување на истражувањето. Понудата се доставува по електронски пат на следната е-пошта: hr@caft.org.mk.
Краен рок на доставување на понудите е 01.07.2024 година (понеделник) до 17:00 часот.
Сите пристигнати понуди ќе бидат разгледани и оценети од страна на комисија. Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние кои не се изработени според условите на повикот, нема да бидат земени предвид. Секој кандидат може да учествува само со една понуда.
За дополнителни информации во врска со повикот, можете да се обратите на следната адреса: contact@caft.org.mk