Проект за поддршка на човековите права
01/01/2004Имплементација на меѓународните стандарди за правично судење во домашните судови и проценка за функционирање на судството во Република Македонија
Коалиција „Сите за правично судење“ спроведе проект за имплементација на меѓународните стандарди за правично судење во домашните судови и проценка за функционирање на судството во Република Македонија. Основните цели на проектот се: зголемување на довербата на јавноста во правниот систем и судството, идентификување на проблемите во судскиот систем, укажување на потребата за правни и институционални реформи, зголемување на почитувањето на стандардите за правично судење пред домашните судови, запознавање на јавноста со стандардите за правично судење. Во рамки на проектот направен е завршен извештај кој ги презентира податоците прибрани во набљудувачкиот процес, пооделно за секој меѓународен стандард како во кривична така и во граѓанска постапка. Притоа, направен е компаративен преглед на домашната регулатива и законската регулатива на други земји и одредбите од меѓународните документи. Од резултатите и заклучоците дадени се препораки за идни решенија кои би придонеле за доследна примена на меѓународните стандарди за правично судење.