foom
Младите и полицијата – кои се нашите права
01/08/2013
eu
Набљудување на судските предмети од областа на корупцијата во Република Македонија
01/02/2011
ПЕРИОД НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА
09.2012 - 08.2013
МЕСТО НА ДЕЛУВАЊЕ
Национално

Следење на предмети од областа на организиран криминал и корупција

Во рамки на реализација на проектот „Следење на предмети од областа на организиран криминал и корупција“ се набљудуваат определен број предмети кои се водат пред Основен суд Скопје I Скопје во Одделението за организиран криминал и корупција. Преку директен мониторинг од страна на квалификувани и независни набљудувачи, ќе се добие квалитетен статистички показател за определени состојби во текот на процесните постапки, кои ќе бидат основа за подготовка на финалниот извештај. Во финалниот извештај ќе бидат извлечени заклучоци за ефикасноста на надлежните органи во борбата против корупцијата, но и за почитувањето на човековите слободи и права, гарантирани со Уставот и законот, пред судовите во кривичната постапка.

Од досегашното искуство на Коалицијата, извештаите кои се плод на директно истражување и ја прикажуваат состојбата во која судовите работат, се земани секогаш сериозно од страна на стручната јавност (судии и јавни обвинители). Зависно од препораките кои ќе произлезат, може да се иницираат определени промени во самата кривична постапка во иднина. Дополнително, обвинетите лица ќе добијат уште една алатка во насока на информирање на јавноста за евентуална повреда на нивните права, како и зајакната можност за излагање на нивните тврдења.

Јавноста ќе добие можност да ја види сублимирана состојбата во определен сегмент во судството – Одделението за борба со организиран криминал и корупција при Основен суд Скопје 1 Скопје, што ќе доведе до поголемо ниво на транспарентност на судовите. Главната цел на проектот е да се зајакне независноста, ефикасноста и правичноста на судството во борбата против организираниот криминал и корупција, како и да се даде придонес во соодветната имплементација на судските реформи, согласно стратешките документи на Република Македонија за интегрирање во ЕУ.

Следење на предмети од областа на организиран криминал и корупција
This website uses cookies to improve your experience. By using this website you agree to our Data Protection Policy.
Read more