osce
Зајакнување на независноста, транспарентноста и ефикасноста на судството, преку мониторирање на судски постапки
01/05/2016
usa
Набљудување на судски предмети од областа на организираниот криминал и корупција според новиот Закон за кривичната постапка за 2016
01/01/2016
ПЕРИОД НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА
04.2016 - 04.2018
МЕСТО НА ДЕЛУВАЊЕ
Национално
ИЗДАНИЕ
-

Институционален грант Цивика Мобилитас

Цивика мобилитас е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (SIPU).  Како програма за поддршка на граѓанското општество започна да се спроведува во октомври 2014та година и ќе трае до септември 2018та година. Цивика мобилитас го поддржува граѓанското општество во промовирање општествени промени во (стратешки) области, како што се добро владеење, децентрализација и развој на граѓанското општество. Исто така, се поддржува граѓанското општество и во упатувањето на три „трансверзални теми“: родовите прашања, меѓуетничките односи и миграциите. За период од четири години, Цивика мобилитас планира да достигне „критична маса“ од 100 граѓански организации кои активно се ангажираат во постигнување општествени промени во Македонија. Оваа критична маса може да помогне во постигнувањето консензус за правците и содржината  на клучните општествени реформи.

Институционален грант Цивика Мобилитас
This website uses cookies to improve your experience. By using this website you agree to our Data Protection Policy.
Read more