foom
Мерката притвор помеѓу домашната и европската пракса
01/11/2019
nordic support
Евалуација на стандардите за фер судење и пристап до правдата во судски предмети за семејно насилство и криминал од омраза
01/01/2020
ПЕРИОД НА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА
01.2020 - 12.2020
МЕСТО НА ДЕЛУВАЊЕ
Национално

Системски мониторинг на кривични судски постапки

Коалиција „Сите за правично судење“ го имплементираше проектот „Системски мониторинг на кривични судски постапки“ со финансиска поддршка од Фондацијата Отворено Општество Македонија. Во рамки на проектот беше извршен системски мониторинг на 400 рочишта за главна расправа од кривичната област. Коалицијата овозможи детален преглед и дијагностика на степенот на судска независност, ефикасност и непристрасност преку прибирање на квантитативни и квалитативни податоци за начинот на имплементација на Законот за кривичната постапка (ЗКП) и стандардите за фер и правично судење поставени со праксата на Европскиот суд за човекови права и неговите толкувања на Европската конвенција за човекови права.

Исто така, беше поттикната јавна и стручна дебата за практичниот перформанс на судовите во кривичните постапки во насока на заштита на законите и правата на учесниците во кривичната постапка, како и за ефикасноста и ефективноста на кривично правните реформи. Како продукт од овој проект произлезе финалната анализа за детектираните состојби во кривичните постапки со заклучоци и препораки.

Системски мониторинг на кривични судски постапки
This website uses cookies to improve your experience. By using this website you agree to our Data Protection Policy.
Read more
mk_MKMK