Системски мониторинг на кривични судски постапки
01/01/2020Корупција? Не во мојата општина!
01/06/2020Евалуација на стандардите за фер судење и пристап до правдата во судски предмети за семејно насилство и криминал од омраза
Koалиција „Сите за правично судење“ го имплементираше проектот „Евалуација на стандардите за фер судење и пристап до правдата во судски предмети за семејно насилство и криминал од омраза“ поддржан од Кралство Шведска преку Шведската агенција за развој и соработка, доделенa преку „Нориската поддршка за развој на Северна Македонија“, проект имплементиран од страна на Канцеларија на Обединети нации за проектни услуги (УНОПС).
Главниот фокус на овој проект е да се продолжи со процесот на набљудување и евалуација на судските постапки и пристапот до основните човекови права, со цел да се подобри реформскиот процес на кривично-правниот систем според критериумите за пристапување во ЕУ, утврдени во Поглавје 23. Или поконкретно, во нашиот фокус се судските постапки и пристап до правдата во случаите на семејно насилство и криминал од омраза, како и зголемувањето на јавност и транспаретноста на судските постапки. За постигнување на ова, Коалицијата ќе спроведе мониторинг на вкупно 300 рочишта за главна расправа по судски предмети за семејно насилство и криминал од омраза, на ниво на сите судови во рамки на четирите Апелациони подрачја (Скопје, Штип, Битола и Гостивар), но со различна методологија од редовните кривични случаи, со што ќе овозможи да се следи работењето на судовите, но исто така и да се овозможи евалуација на нивната работа со ваквите сензитивни случаи во кои постои висок ризик од прекршување на правото на фер судење.
Во рамките на овој проект, Коалицијата ќе обезбеди и бесплатни правни совети и правна помош во случаи поврзани со семејно насилство и криминал од омраза. Покрај тоа, за да се зголеми јавноста и транспаретноста на судот, најмалку 500 кривични пресуди од Основниот Кривичен суд во Скопје ќе бидат аномизирани од страна на ангажирани 5 анонимизирачи за таа цел во насока да истите бидат јавно објавени. На тој начин ќе имаме целосна слика за тоа како судскиот систем обезбедува заштита за жртвите на овој вид криминал и колку навистина се почитуваат човековите права. На крајот од овој проект, Коалицијата објави и финална анализа со податоци за имплементацијата на стандардите за фер судење, како и за ефективноста и ефиканоста на судовите во случаите на семејно насилство и криминал од омраза. Анализата ќе биде изготвена од страна на правен аналитичар и истражувач, ангажирани од страна на Коалицијата за потребите на овој проект.