
Јавен оглас за ангажман на проектен координатор
18/05/2026Коалицијата „Сите за правично судење“, со финансиска поддршка на Европската Унија, објавува повик за ангажман на набљудувачи на судски постапки пред судовите во Република Северна Македонија.
Доколку сте правник кој сака да стекне практично искуство, да ги продлабочи познавањата за судските постапки и човековите права и директно да придонесе кон унапредување на правичноста и транспарентноста во судството, ова е можност за вас.
Набљудувачите ќе бидат вклучени во следење на судски постапки, подготовка на извештаи и учество во активности поврзани со мониторинг на примената на стандардите за фер и правично судење.
Од кандидатите очекуваме:
• Завршено високо образование – Правен факултет (минимум 180 ЕКТС);
• Познавање на Законот за кривична постапка, Законот за парнична постапка и основните стандарди од Член 6 од Европската конвенција за човекови права;
• Добри писмени и усни комуникациски вештини;
• Способност за аналитичко размислување и подготовка на кратки извештаи;
• Одговорност, објективност, непристрасност и доверливост во работењето;
• Флексибилност и способност за работа во динамично опкружување.
Какво искуство ќе се смета за предност:
• Претходно искуство во мониторинг на судски постапки;
• Положен правосуден испит;
• Магистерски студии или дополнителна едукација во релевантна област;
• Познавање на судската пракса на Европскиот суд за човекови права.
Што нудиме:
• Финансиски надоместок согласно ангажманот;
• Практично искуство преку директно следење на судски постапки;
• Учество на обуки поврзани со фер и правично судење, човекови права и релевантни правни прашања;
• Менторска и експертска поддршка од искусни правници и долгогодишни набљудувачи;
• Пристап до професионални ресурси, правна литература и експерти од земјата и странство;
• Можност за професионален и кариерен развој, како и градење мрежа на контакти во правната заедница;
• Можност за долгорочна соработка во рамки на активностите на Коалицијата.
Начин на аплицирање:
Заинтересираните кандидати треба да достават кратка биографија (CV) во Word или PDF формат, на e-mail: hr@caft.org.mk, со назнака: „Набљудувач за [име на градот во кој кандидатот може да врши мониторинг]“
Рокот за аплицирање е до 25.05.2026 година (понеделник) до 23:59 часот. Апликациите кои нема да го запазат наведениот формат или ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да бидат разгледувани.
По административната проверка и евалуацијата на апликациите, кандидатите со највисоко оценети апликации ќе бидат повикани на интервју.


