Поради ограничени финансиски и човечки ресурси jа информираме јавноста дека до 1 април 2026 година, организацијата нема да биде во можност да обезбедува бесплатна правна помош и мониторинг на судења по поединечни предмети по барање на странки.
Оваа одлука е донесена со цел рационално управување со расположливите капацитети и обезбедување квалитетно и навремено спроведување на приоритетните активности од јавен интерес. Истата има времен карактер, по што јавноста ќе биде навремено информирана за евентуално продолжување или промена на состојбата.
Остануваме посветени на нашата мисија и на следење на состојбите во судството, како и на јавното информирање и застапување во рамки на нашите можности.
Ви благодариме за разбирањето.
Тимот на Коалиција Сите за правично судење
This website uses cookies to improve your experience. By using this website you agree to our Data Protection Policy.