Граѓанските организации ја повикуваат владата на Република Македонија
21/04/2020Кога чуварите на правото ќе потфрлат, граѓаните го носат товарот
11/06/2020По објавената јавна реакција на Коалиција „Сите за правично судење“ во однос на предметот К-249/20 што се суди во Основниот суд во Штип поради повреда на правото на одбрана каде што беше констатирано дека има рестрикции во поглед на подготовка на одбраната, ја известуваме јавноста дека од страна на судот и затворот Куманово се вложени напори и се обезбедени услови за соодветна подготовка на одбраната на обвинетите лица во просториите на затворот Куманово.
Коалицијата „Сите за правично судење“ го изразува своето задоволство и ја поздравува ангажираноста на институциите кои што ги земале предвид забелешките на Коалицијата за почитување на гаранциите на правата на обвинетите во постапката.
Коалицијата и понатаму ќе продолжи будно да ги следи судењата на територија на Р. Северна Македонија, имплементацијата на стандардите за фер и правично судење како и почитувањето на човековите права.
Со почит,
Коалиција „Сите за правично судење“