МОНИТОРИНГ

Коалиција Сите за правично судење е единствена домашна специјализирана организација која што спроведува мониторинг на судски постапки кои се водат пред судовите во Република Северна Македонија во сите апелациони подрачја и во сите три степени на судската власт. Мониторингот на судски постапки се спроведува од страна на овластени судски набљудувачи, ангажирани од страна на Коалиција Сите за правично судење.

 

Исполнетост на квотата за мониторинг

    • Предвиден број на мониторирани рочишта67%
      * Мониторинг на судски постапки во текот на една календарска година ќе се одвива се до иполнување на квотата. По исполнување на квотата мониторингот се врши согласно можностите на извршната канцеларија

Кој може да побара судски мониторинг?

Мониторинг на судска постапка може да побара кое било физичко или правно лице.

За кој вид на судски постапки можам да побарам мониторинг?

Мониторинг може да биде побаран за кривични и граѓански судски постапки кои што се активни пред судовите во државата. Активен судски предмет е предмет за кој се закажуваат рочишта за главна расправа пред основните судови или пак е закажана јавна седница пред апелационите судови

Што да очекувам од мониторингот?

Со мониторингот на судските постапки се обезбедува јавност на самото судење што е еден од принципите со кој се гарантира правото на фер и правично судење. Мониторингот овозможува граѓаните да имаат повисок степен на фер и правично судење.

Што е потребно да знаете пред да побарате судски мониторинг?

Она што треба да го знаете како податок пред да поднесете барање за мониторинг на судски постапки е референтниот број на предметот под кој е заведен во судот како и пред кој суд се води постапката како основен податок. Покрај овие податоци добро е да наведете и дополнителни податоци како што се датум на закажано рочиште и број на судница.

Референтен број е бројот под кој судскиот предмет е заведен во судот, и истиот можете да го најдете во записникот од рочиште за главна расправа или пак во поканата која Ви е доставена од страна на судот.

Напомена!

Водете сметка барањето за мониторинг да го доставите навремено (оптимален период за поднесување на барање е 7 дена пред закажано рочиште за главна расправа), во спротивно постои ризик да не бидеме во можност да обезбедиме судски набљудувач за мониторинг.

Никогаш не комуницирајте со судскиот набљудувач распределен за мониторинг на Вашиот предмет, а за сите прашања по однос на судскиот предмет за кој што имате побарано мониторинг, комуникацијата се одвива исклучиво преку извршната канцеларија на Коалицијата со јавување на телефонските броеви +389 71 218651 и +389 2 6139874 или пак на мејл на monitoring@all4fairtrials.org.mk

Контакт податоците кои што ќе ни ги доставите ќе бидат користени исклучиво од страна на тимот задолжен за мониторинг на судски постапки, и само по однос на меѓусебна комуникација во врска со предметот за кој што е побаран мониторинг.