Јавен повик за ангажман на правни експерти од граѓанска и кривична област
09/08/2024Коалицијата „Сите за правично судење“ со финансиска поддршка на Европската Унија во рамки на Годишната програма за работа на Коалицијата за 2025 година, објавува уникатна можност за ангажирање како набљудувачи на судски постапки пред судовите во Република Северна Македонија.
Дали сакате:
- Да стекнете практично искуство во судски постапки?
- Да придонесете за правична судска практика и заштита на човековите права?
- Да добиете можност за кариерен развој во областа на правото?
Ако одговоривте „ДА“ ова е совршена можност за вас!
Што бараме?
- Диплома од Правен факултет (минимум 180 ЕКТС)
- Познавање на Законот за кривична и парнична постапка, како и Член 6 од ЕКЧП
- Вештини за писмена и усна комуникација
- Флексибилност и работа во динамично опкружување
- Способност за објективност, непристрасност и доверливост
Предност:
Претходно искуство во мониторинг на судски постапки, положен правосуден испит или магистратура во соодветната област.
Што добивате?
- Финансиски надоместок
- Можност за учество на обуки за начелата на фер и правично судење и релевантни правни прашања
- Пристап до ресурси, правна литература и правни експерти од земјата и странство
- Развој на професионалните вештини и градење мрежа на контакти во правната заедница
Аплицирајте!
Испратете CV (Word или PDF) преку e-mail со наслов „набљудувач за (името на градот во кој ќе можете да вршите мониторинг)“ на: hr@caft.org.mk
Апликациите кои нема да го запазат форматот ќе бидат дисквалификувани, додека пак кандидатите со најдобро оценети апликации ќе бидат повикани на интервју.