Поддршка на судските и кривично правните реформи
01/04/2018Заедничка акција за следење на судските реформи и застапување на нивно спроведување “ЗА ПРАВДА”
01/07/2018Правен, финансиски и физички пристап до правда во основните судови во Република Македонија
Проектот „Правен, финансиски и физички пристап до правда во основните судови во Република Македонија“ е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на овој проект е давање поддршка за подобрување на пристапот и квалитетот до правда со посебен фокус на граѓанските судски постапки и ранливи категории на граѓани (маргинализирани групи и лица со попреченост) во 4те апелациони региони: Скопје, Гостивар, Битола и Штип. Во рамките на проектот беше спроведен мониторинг на граѓански постапки и беше извршен и увид во правосилно завршени предмети. Од добиените податоци беше изготвена финална анализа. Во 2020 година, проектот беше проширен со нова компонента за изрекувањето на мерката конфискација.