СОБРАНИЕ
Собранието се состои од делегати, претставник од секоја членка на Коалицијата или негов заменик и брои вкупно 13 члена. За успешно спроведување на седницата на собранието потребно е да присуствува повеќе од половина од делегатите односно најмалку 7.
ИЗВРШНА ДИРЕКТОРКА

Натали е адвокатка од 2008 година, а од септември 2014 е и основачка и ко-партнерка на адвокатското друштво Чадиева & Петровска-Скопје. Таа е долгогодишна правна советничка-адвокатка и специјализиран набљудувач во многу од судските случаи кои Коалицијата „Сите за правично судење“ ги набљудува. Натали има повеќегодишно искуство во обезбедувањето бесплатна правна помош и советување, толкување на разни закони и подзаконски акти, застапување пред надлежни судови и државни органи, како и пред Меѓународниот суд за човекови права. Нејзина специјалност е кривичното право.”
email: npetrovska@all4fairtrials.org.mk
УПРАВЕН ОДБОР

Љузим Хазири е избран за член на управниот одбор на 16-та седница на годишното собрание со мандат од 4 години.

Симонида Кацарска е избрана за член на управниот одбор на 16-та седница на годишното собрание со мандат од 4 години.

Драги Змијанац е избран за член на управниот одбор на 16-та седница на годишното собрание со мандат од 4 години.

Лазар Нанев е избран за член на управниот одбор на 16-та седница на годишното собрание со мандат од 4 години.

Вулнет Зенки е избран за член на управниот одбор на 16-та седница на годишното собрание со мандат од 4 години.
НАДЗОРЕН ОДБОР

Aрдита Абази Имери е избранa за член на Надзорен одбор на 19та седница на годишното собрание со мандат од 3 години. Aрдита Абази Имери е една од основачките на ЕПИ и работи во институтот од 2011 година. Таа има докторирано во Универзитетот “Св. Кирил и Методиј “- Институт за социолошки, политички и правни истражувања во областа заштита на потрошувачите и транспозиција на acquis communaitaire и има магистрирано на меѓународно, компаративно и европско право во Универзитетот Мастрихт (Мастрихт, Холандија).
E-mail: ardita.abazi-imeri@epi.org.mk

Ирена Велкоска е избрана за член на Надзорен одбор на 19та седница на годишното собрание со мандат од 3 години. Ирена Велкоска e координатор на Дневниот центар за деца на улица и Генерален секратар на Здружението за Заштита на правата на детето.
E-mail: irena_velkoska@yahoo.com

Димитар Низамовски е избран за член на Надзорен одбор на 19та седница на годишното собрание со мандат од 3 години. Димитар е дипломиран правник, студент на мастер студии по Уставно право и политички систем, а во Младински Образовен Форум (МОФ)-Скопје е извршен директор.
E-mail: dimitar_nizamovski@mof.org.mk
.