[:mk]Известување за соработка со Основен кривичен суд Скопје[:]

[:mk]

Коалицијата „Сите за правично судење“ во соработка со Основниот кривичен суд во Скопје, успешно го заврши процесот на анонимизација на судски пресуди, која активност е предвидена во рамки на проектот „Евалуација на стандардите за фер судење и пристап до правдата во судски предмети за семејно насилство и криминал од омраза“.

Во изминатиот период, тим од 5 волонтери ангажирани од страна на Коалицијата, а обучени за работа во АКМИС системот од страна на стручните служби во Судот, вршеа анонимизација на судски пресуди, секој работен ден во период од 5 месеци. За време на нивниот ангажман успешно се анонимизирани вкупно 1.622 судски пресуди, кои пресуди се јавно објавени на веб страната на Судот. Со имплементација на оваа проектна активност, Коалицијата имаше за цел да ја подобри работата на Судот и да ја зголеми транспарентноста и отвореноста на институцијата.

Линк до сопштението од Основен кривичен суд во Скопје.

Проектот „Евалуација на стандардите за фер судење и пристап до правдата во судски предмети за семејно насилство и криминал од омраза“ е финансиран со грант од Кралството Шведска преку Шведската агенција за развој и соработка (СИДА) доделен преку проектот „Нордиска поддршка за напредок на Северна Македонија“.

[:]