[:mk]Јавна реакција: Институциите да ги преземат сите потребни дејствија во борбата против семејното насилство[:]

[:mk]Јавна реакција

Во текот на вчерашниот ден активистката Моника Ристеска на својот Твитер профил објави фотографии дека нејзиниот татко ја нападнал и се обидел да ја убие, при што таа се здобила со скршеница на носот и дислокација на вилицата.
Коалицијата „Сите за правично судење“ остро го осудува нападот и ги повикува надлежните институции и тоа во прв план полицијата и јавното обвинителство да ги истражат околностите на случајот и да ги преземат сите потребни дејствија за поведување на постапка против сторителот, а Центарот за социјални работи да обезбеди соодветна заштита за жртвата на семејно насилство.[:]