[:mk]Известување по однос на работата на судовите во РСМ[:]

[:mk]

Коалицијата „Сите за правично судење“  следејќи ја моменталната ситуација во судството заклучно со 19.03.2020 година, поврзана со состојбата во врска со вирусот КОВИД 19 како и препораките на Министерството за здравство и Владата на Р.Северна Македонија, а во врска со мерките на претпазливост, како би се намалил ризикот од инфекција со вирусот КОВИД-19 на судиите, судската служба, странките и другите учесници во постапката ве информира за следното:

Судскиот Совет на Република Северна Македонија донесе Одлука по одржаната 336 седница која во целост можете да ја прочитате тука.

Во врска со планот за постапување по судските предмети и начинот на реализација на истите на сите судови низ Република Северна Македонија како и според известувањата на официјалните портали поединечно на секој суд, статусот согласно 17.03.2020 година  е следен:

Врховен суд на РСМ– нема никакво соопштение.

 

1. На апелационо подрачје Скопје:

Апелационен суд Скопје – Одложена е јавната седница по предметот познат во јавноста како „27 Април“. Истата се одлага, во интерес на јавното здравје и превенција, а во согласност со издадените мерки и препораки од Владата на Република Северна Македонија, а како Апелациониот суд Скопје не е во состојба да обезбеди правилна примена на препорачаните мерки. Во однос на останатите судења нема сè уште никакви информации. Судот воедно ги информира граѓаните комуникацијата со судот да се врши по електронски пат, што подразбира писмената  кои директно се упатени до Апелациониот суд Скопје да се поднесуваат во електронска форма на официјалната емаил адреса priemno@asskopje.mk, како и дека до престанок и повлекување на превентивните и задолжителните мерки, комуникацијата со Канцеларијата за односи со јавност, како и судската писарница, да се врши по електронски пат, на следната емаил адреса: info@asskopje.mk.

Основен кривичен суд Скопје – согласно препораките на Владата и Судскиот совет на Р.Северна Македонија судот во следниот период ќе продолжи со судење само на итните и неодложни предмети односно притворски и кривични предмети со други мерки за обезбедување присуство на обвинетите, кривични предмети за кои постои опасност од застарување, кривични предмети кои се во фаза на донесување одлука како и сите други кривични предмети и обврски опфатени во објавената одлука на Судскиот совет. Со цел заштита на странките во постапката и судските службеници од ширење на корона вирусот, судот ги известува сите граѓани кои имаат добиено писмена или усна покана за судење насрочено во следните 30 дена, дека на влезот од судската зграда од утре 18.03.2020 год. преку посреден контакт со судската полиција, односно преку шалтерот за прием, ќе бидат известени дали предметот за кои се повикани ќе се одржи, а доколку не кога и како ќе бидат известени за следно судење.

Целосното известување може да го прочитате тука.

Основен граѓански суд Скопје – Основен граѓански суд Скопје објави ИЗВЕСТУВАЊЕ СУ-03-369/20 дека, сметано од 17.03.2020 година до следно известување, СЕ ОДЛОЖУВААТ закажаните рочишта по предметите на Основен граѓански суд Скопје, со исклучок на рочиштата и дејствијата по: предмети за примена на времени мерки; спорови за објавување на исправка на објавена информација; вонпарнични и извршни предмети во врска со воспитувањето и заштитата на децата и обврски по предметите за издршка што произлегуваат од закон; регистрации на политички партии, вонпарнични предмети за задржување на лица во здравствена установа; попис на имотот на оставителот, составување на тестаменти, прием на поднесоци и други работи што се врзани со законски преклузивни рокови, кои се сметаат за итни во смисла на член 72 став 2 од Законот за судовите. Исто така Судот ја има објавено и одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија – од 336 седница одржана на дена 17.03.2020 година.

Основен суд Велес – Основен суд Велес согласно Одлука бр.02-606/1 од 17.03.2020 година за постапување на судовите во Република Северна Македонија во услови на зголемена опасност од вирусот КОВИД – 19 донесена од Судски совет на Република Северна Македонија и Мислењето од Седница на судии одржана на 17.03.2020 година, објави соопштение за јавноста во кое известува дека “Основниот суд Велес проценува дека е суд со висок ризик за судиите, судската служба, странките и другите учесници во постапката, поради што закажаните расправи по предметите кои не се итни ќе се одлагаат, за што странките ќе бидат писмено известени од судијата.”, Исклучок од ова се оние судски предмети кај кои постои потреба од итност на постапување, како што се: предмети кои се пред застарување, предмети во кои се изречени мерки притвор или други мерки за обезбедување на присуство, предмети кај кои сериозно би било нарушено правото на судење во разумен рок, предмети кои се стасани до изрекување пресуди , предмети за кои се одлучува без јавна расправа и сл.

Целосното известување може да го прочитате тука.

Основен суд Куманово – Основниот суд Куманово на ден 18.03.2020 година постапувајќи по одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија – од 336 седница од 17.03.2020 година објави соопштение до јавноста во кое истиот известува дека Претседателот на судот и судиите, менаџирањето со судските предмети, е целосно усогласен и ќе постапуваат согласно мерките и препораките на Владата на Република Северна Македонија и надлежните здравствени органи, при што, активно се превземаат сите мерки на претпазливост, со цел да се намали ризикот од инфекција со вирусот КОВИД 19, на судиите, судската служба, странките и другите учесници во постапката, на начин што при влегувањето во судската зграда, странките и другите учесници задолжително ќе поминуваат безбедносни здравствени мерки кои што се целосно објаснети во соопштението.

Исто така во однос на постапувањето по судските предмети и начинот на реализација на истите судот ќе се придржува кон одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија – од 336 седница одржана на дена 17.03.2020 година и ќе постапува по предметите кои се нужни според истата одлука. Судот објави и листа на предмети по кои ќе постапува.

Целото соопштение го имате тука.

Основен суд Крива Паланка – Нема тековни информации за одлагање на судски рочишта.

Основен суд Кратово – Нема тековни информации за одлагање на судски рочишта, објавена е само одлуката на Судскиот Совет на РСМ од 336 седница одржана на дена 17.03.2020 година.

Основен суд Кавадарци – колегиумот на судии на Основен суд Кавадарци, на ден 17.03.2020 година одучи да се одложат сите судења, со исклучок на оние судски предмети кај кои постои потреба од итност на постапување, како што се: предмети кои се пред застарување, предмети во кои се изречени мерки притвор или други мерки за обезбедување на присуство, предмети кај кои сериозно би било нарушено правото на судење во разумен рок, предмети кои се стасани до изрекување пресуди , предмети за кои се одлучува без јавна расправа и сл.

Целосното известување може да го прочитате тука.

Основен суд Неготино – се одлагаат сите судења со исклучок на предмети кај кои има потреба од итност во постапувањето, а се наведени во одлуката на Судскиот Совет на РСМ од 17.03.2020 година.

Целосното известување може да го прочитате тука.

Основен суд ГевгелијаНема тековни информации за одлагање на судски рочишта.

 

2. На апелационо подрачје Штип:

Апелационен суд Штип – Нема тековни информации за одлагање на судски рочишта.

Основен суд Штип – На ден 18.03.2020 година врз основа на одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија – од 336 седница одржана на ден 17.03.2020 година, а поради новонастаната состојба со ширењето на вирусот КОВИД 19, судот ја известува јавноста дека e потребно сите странки, доколку имаат технички услови за тоа, поднесоците (кои треба да се во форма и содржина пропишана со закон) до судот да ги доставуваат електронски преку системот за електронска достава или преку електронска пошта на следнава е-маил адреса: contact@osstip.mk  и во целост ја има објавено одлуката на ССРСМ од 17.03.2020 година.

Основен суд Струмица – Нема тековни информации за одлагање на судски рочишта.

Основен суд Радовиш – Нема тековни информации за одлагање на судски рочишта.

Основен суд Свети Николе – поради настанатата состојба со вирусот Ковид 19, а постапувајќи по препораките од Судскиот совет ги известува странките – ако имаат технички можности поднесоците да ги испраќаат по електронски пат, но скенирани, со потпис и со печат и на начин на кој недвосмислено може да се утврди идентитетот на испраќачот. Нема тековни информации за одлагање на судски рочишта.

Основен суд Кочани – Нема тековни информации за одлагање на судски рочишта.

Основен суд Виница – Врз основа на одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија – од 336 седница одржана на дена 17.03.2020 година, известување дека сите странки поднесоците до судот ги доставуваат електронски преку системот за електронска достава или преку електронска пошта на следнава е-маил адреса: osvinica@osvinica.mk (osvinica@t.mk како замена, во исклучителен случај).
Нема тековни информации за одлагање на судски рочишта.

Основен суд Берово – Врз основа на одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија – од 336 седница одржана на ден 17.03.2020 година, судот ги известува сите странки поднесоците до судот да ги доставуваат електронски преку системот за електронска достава или преку електронска пошта на следнава е-маил адреса: contact@osberovo.mk, судот во целост ја има објавено одлуката на ССРСМ од 17.03.2020 година.

Основен суд Делчево – Нема тековни информации за одлагање на судски рочишта.

 

3. На апелационо подрачје Битола:

Апелационен суд Битола – Нема тековни информации за одлагање на судски рочишта. Исто така судот известува дека во периодот од 16.03.2020 година до 24.03.2020 година нема да врши прием во Канцеларијата за односи со јавност, како и судската писарница, освен за странки кои се повикани со покана од судот за присуство на рочиште.  Се препорачува комуникација на судот по пошта и по електронски пат на info@asbitola.mk

Основен суд Битола – На 19.03.2020 година судот објави соопштение во кое ја информира јавноста за пристапот до судот и превземањето на конктретни мерки во врска со состојбата во судот и мерките на претпазловост, со цел да се намали ризикот од инфекција со вирусот КОВИД-19, на судиите, судската служба, странките и другите учесници во постапката.

Судот исто така информира дека во судот ќе се вршат само нужни работи односно, судења кои се итни според одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија – од 336 седница одржана на ден 17.03.2020 година, а закажаните расправи кои не се итни ќе се одржат само ако ги исполнуваат законските услови и доклку претседателот на судот како и судиите проценат исите дека не се со висок ризик по здравјето на сите присутни.

Целосното соопштение може да го прочитате на следниот линк.

Основен суд Крушево – Нема тековни информации за одлагање на судски рочишта.

Основен суд Прилеп – На ден 18.03.2020 година Основниот суд Прилеп објави соопштение за усогласување на работата на судот со мерките и препораките на Владата на Р.Северна Македонија за превенција од ширење на вирусот КОВИД 19 и во согласност со истите ги одложува сите закажани рочишта и расправи по судски предмети освен оние кои се исклучок од итен карактер според одлуката на Судскиот совет на РСМ од 336 седница одржана на ден 17.03.2020 година.

Целосното соопштение може да го прочитате тука.

Основен суд Ресен – Нема тековни информации за одлагање на судски рочишта, објавена е само одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија – од 336 седница одржана на дена 17.03.2020 година.

Основен суд Охрид – Нема тековни информации за одлагање на судски рочишта.

Основен суд Струга – Нема тековни информации за одлагање на судски рочишта.

 

4. На апелационо подрачје Гостивар:

Апелационен суд Гостивар – Нема тековни информации за одлагање на судски рочишта.

Основен суд Тетово – Судот во Тетово на ден 19.03.2020. објави известување согласно состојбата во врска со вирусот КОВИД 19 како и препораките на Министерството за здравство и Владата на Р.Северна Македонија, барањето за водедување мерки на претпазливост и заштита од Корона вирусот во правосудниот систем од Адвокатската комора на РСМ од ден 15.03.2020 година, заклучокот на Управниот одбор на Здружението на судиите на Р.С.Македонија од 16.03.2020 година како и  одлуката на Судскиот совет на РСМ од 336 седница одржана на ден 17.03.2020 година дека се одложуваат рочиштата по судските предмети пред истиот суд освен оние кои се од итен карактер според одлуката на Судскиот совет на РСМ.

Судот информира дека и пристапот до истиот ќе биде ограничен и дека се превземаат контролни мерки и упатства за странките кои целосно може да ги прочитате на следниот линк.

Основен суд Гостивар – На 18.03.2020 година Основниот суд Гостивар објави известување до јавноста дека согласно состојбата во врска со вирусот КОВИД 19 како и препораките на Министерството за здравство и Владата на Р.Северна Македонија, барањето за воведување мерки на претпазливост и заштита од Корона вирусот во правосудниот систем од Адвокатската комора на РСМ од ден 15.03.2020 година, заклучокот на Управниот одбор на Здружението на судиите на Р.Северна Македонија од 16.03.2020 година како и  одлуката на Судскиот совет на РСМ од 336 седница одржана на ден 17.03.2020 година, ги одложува сите закажани рочишта освен оние кои се исклучок од итен карактер според одлуката на Судскиот совет на РСМ.

Целосното соопштение и листата на предмети по кои ќе постапува судот може да го прочитате тука.

Основен суд Кичево – Нема тековни информации за одлагање на судски рочишта.

Основен суд Дебар – Објавено е упатство за постапување на судот за време на кризната состојба, според кое како нужни работи кои ќе ги работи судот според одлуката на Судскиот совет на Република Северна Македонија – од 336 седница одржана на дена 17.03.2020 година се:

  • Судења на кривични предмети кога обвинетиот е во притвор;
  • Кривични предмети на странките кои не живеаат во Репшублика Северна Македонија а се затекнати во Општина Дебар и Центар Жупа;
  • Кривични предмети за крвичните дела „Пренесување заразна болест“ по член 205 од КЗ, „ Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ по член 206 од КЗ, „Несовесно лекување болни“ по член 207 од КЗ, „Неукажување медицинска помош“ по член 208 од КЗ, „Спречување службено лице во вршење службено дејство“ по член 382 од КЗ, „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ по член 383 од КЗ, „Организирање отпор“ по член 387 од КЗ;
  • Предмети за примена на времени мерки;
  • Прекршочни предмети од итна природа;

Приемот на поднесоците се врши електронски. Уверенијата и другите судски акти се доставуваат електронски до странките и надлежните органи доколку постојат технички услови за тоа.

Целосното известување може да го прочитате тука.

 [:]