[:mk][ap_divider color=”#0569B3″ style=”solid” thickness=”5px” width=”100%” mar_top=”20px” mar_bot=”20px”]
[ap_divider color=”#0569B3″ style=”solid” thickness=”1px” width=”100%” mar_top=”20px” mar_bot=”20px”]
Ние долупотпишаните граѓански организации, остро ја осудуваме скандалозната, недолична, хомофобна изјава на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, но и изјавата со која се врши дискредитација на новинари кои критички ја опсервираат работата на власта. Овој вид на јавен говор од носител на највисоката јавна функција, недвосмислено дава легитимитет и го охрабрува говорот и делата од омраза кон сите оние кои се со различна сексуална ориентација и ја загрозува слободата на изразување. Изјавата на Премиерот, вклучително и неумесното „извинување“, освен што се навредливи и дискриминирачки, поттикнуваат хомофобија и линч насочен кон ЛГБТ заедницата. Се доведува во прашање доследното спроведување на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација, и се поставува прашањето дали досегашните заложби за унапредување на ЛГБТИ правата се навистина суштински или се само декларативни и формални.
Воедно, сметаме дека е крајно неприфатливо со вакви непромислени изјави да се етикетираат новинари кои критички известуваат за работењето на актуелната власт, и на тој начин да се создаваат услови за ограничување на слободата на информирање и изразување. Инсистираме Владата и Премиерот да покажат зрелост и умешност за справување со критиките, но и сериозно да се заложат за поддршка на критичката мисла и независното новинарство. Ова е особено важно во контекст на транспарентноста и отчетноста кои Владата ги претставува како едни од основните начела на своето работење.
Системот на вредности кој сакаме да го негуваме во Република Северна Македонија како идна членка на НАТО и ЕУ, во ниту еден случај не дозволува ваков дискурс кој ги доведува во прашање безбедноста на граѓаните и слободата на изразување.
- Фондација Отворено општество – Македонија
- Здружение Хелсиншки комитет за човекови права
- Коалиција сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници МАРГИНИ Скопје
- ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување
- Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија
- Здружение за културен и медиумски активизам КВИР СКВЕР Скопје
- Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ Скопје
- Здружение за дислексија АЈНШТАЈН Скопје
- Здружение за развој и унапредување на Ромската заедница – РОМАНО ЧАЧИПЕ (РЧП)
- Центар за современи уметности – Скопје
- Рурална Коалициjа
- НВО Инфоцентар
- Здружение Национален Ромски Центар
- Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје
- Коалиција “Сите за правично судење”
- Здружение за унапредување на родовата еднаквост – Акција Здруженска Скопје
- Институт за човекови права
- НВО КХАМ – Делчево
- Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ
- Здружение на граѓани за поддршка на лица со посебни потреби СОЛЕМ – Скопје
- Контрапункт – асоцијација за развој на критичка култура и современи уметнички и критички практики, Искра Гешоска, Претседателка
- МЕТАМОРФОЗИС – Фондација за интернет и општество
- Македонско здружение на млади правници
- ЗГ за промоција на женската активност Тиииит! Инк. – Скопје
- Здружение за сексуални и родови малцинства СУБВЕРЗИВЕН ФРОНТ Скопје
- Институт за демократија ИДСЦС
- Реактор – Истражување во акција
[:]